Дали Џек мораше да умре? Џејмс Камерон ја реши најголемата мистеријата за „Титаник“

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

Филмот „Титаник“ беше премиерно прикажан пред 25 години, а една од сцените за која најмногу се зборува и денес е онаа блиску до крајот на филмот во која Роуз лебди на врата, додека Џек тоне.

Она што интригира многумина е тоа што повеќето веруваат дека на вратата имало „доволно место и за Џек“ и дека и тој би можел да преживее „само ако Роуз се помрднела малку“.

Режисерот на овој филм, Џејмс Камерон, сега конечно ја реши оваа мистерија.

„Направивме научна студија за да ставиме крај на целата работа еднаш засекогаш. Оттогаш направивме детална форензичка анализа со експерт за хипотермија, кој го репродуцираше пловилото од филмот“, рече тој, додавајќи дека им помагале двајца каскадери со иста фигура како Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо во филмот.

„Ставивме сензори над нив и ги пуштивме во ледена вода за да тестираме дали можат да преживеат на различни начини, а одговорот беше дека нема шанси и двајцата да преживеат. Само еден можеше да преживее“, додаде режисерот за „Торонто Сан“.

Како што најави, овој експеримент ќе биде тема на специјална емисија за National Geographic по повод 25-годишнината од „Титаник“.

Слични содржини