„Дали АТП ги брани тенисерите или Русија? Одам на Вимблдон да земам пари“

од Nikola Popovski

Контроверзниот француски тенисер Беноа Пер ја коментираше одлуката на АТП да ги укине бодовите на овогодинешниот Вимблдон, по одлуката на турнирот да им забрани учество на руски и белоруски тенисери.

„Ќе играме турнир на кој нема бодови. Кога тенисер ќе се зарази со коронавирус, турнирите се откажуваат. Сега имаме три-четворица играчи од Русија кои се проблем на Вимблдон и АТП почнува во напад. Штета за се што се случува, бидејќи нашиот глас треба да се слушне, а ние не ја разбираме оваа одлука. Најмалку 99% од играчите не разбираат, а јас сакам да знам дали АТП ги брани тенисерите или Русија“.

Пер ќе игра на Вимблдон, но само од финансиски причини.

„Само ќе ги земам парите, како и секоја друга егзибицја. Но, вистинското прашање е зошто никој не разговарал со играчите? Да, ќе кажат дека за тоа гласало мнозинство од играчите, но тоа никој не ни го кажува. Ако дојде до војна меѓу АТП и Вимблдон, тоа не е добро за нас бидејќи нема да играме нормално“.

Французинот истакнува дека Русите се виновни за новонастанатите ситуации, но дека на крајот сите ја плаќаат цената.

„Жал ми е за Русија и Русите, но тие се оние кои го создадоа проблемот. И на крајот, сите играчи ја плаќаат цената. Медведев ќе биде број еден по Вимблдон. Тоа е апсурдно. Треба да се залагаме за сите играчите во светот, а во моментов всушност добиваме спротивен ефект“, рече Пер, кој додаде дека пологично е бодовите само да се замрзнат, како за време на пандемијата на коронавирус.

Да потсетиме, доколку работите останат како што се сега, Новак Ѓоковиќ повеќе нема да биде првиот тенисер во светот по Вимблдон, бидејќи ќе загуби 2.000 поени, кои ги освои минатата година.

Слични содржини