Дали Бајден повторно ќе се кандидира за претседател?

од Stefanija Kuzmanovska

Демократската конгресменка Каролин Малони, претседателка на Комисијата за надзор и реформи во Претставничкиот дом, изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден нема да се кандидира за втор мандат.

Малони на прашањето на новинарот на „Њујорк тајмс“ дали претседателот Бајден повторно ќе се кандидира, одговори дека тоа нема да биде случај.

– Неофицијално, тој повеќе нема да се кандидира – рече таа.

Новинарката рече дека ја интересираат официјалните одговори.

– Официјално? Не, не би требало да се кандидира повторно – одговори Малони.

Недолго по интервјуто, кое беше објавено дури сега, Малони ја релативизираше својата изјава.

„Целосно ќе го поддржам претседателот Бајден доколку реши да се кандидира за реизбор“, напиша таа на Твитер, пренесуваат американските медиуми.

Слични содржини