Дали богатите земји веќе купиле половина од идните вакцини против Ковид-19?

од Nikola Popovski

Богатите земји веќе купиле повеќе од половина од идните дози на вакцини против коронавирус, соопшти организацијата за борба против сиромаштијата, Оксфам.

Податоците на Оксфам покажуваат дека земјите што сочинуваат само 13 проценти од светската популација веќе купиле 51 процент од залихите со вакцини во последната фаза од истражувањето.

Оксфам дошол до овој заклучок анализирајќи ги веќе склучените договори меѓу фармацевтските компании и производителите на вакцини со земјите ширум светот за петте најперспективни потенцијални вакцини кои се во третата фаза од клиничкото испитување, врз основа на податоците собрани од Ефинити, пренесува европските медиуми.

Оксфам и други слични организации ги повикуваат сите да ги променат корпоративните практики така што „народната вакцина“ би била достапна за секого.

Исто така, од таму предупредуваат дека дури и ако петте водечки потенцијални вакцини се успешни, 61 процент од светската популација нема да може да ја прими вакцината барем до 2022 година.

Слични содржини