Дали е ова крајот на Твитер?

од Vladimir Zorba

Хаштагот #RIPTwitter стана многу популарен бидејќи корисниците се обидуваат да ги зачуваат сопствените податоци.

Тие исто така наоѓаат алтернативни места каде што можат да ги складираат.

Така Мартин Луис, кој има два милиони следбеници на Твитер, отвори профил на социјалната мрежа Мастадон, иако признава дека се уште не знае како да го користи.

Елон Маск, новиот сопственик на Твитер, познат по тоа дека ги прати трендовите, твитна мем од надгробна плоча со логото на социјалната мрежа.

Се повеќе работници ја напуштаат компанијата, половина од работната сила Маск ја отпуштил една недела откако ја купил платформата, а многу повеќе решиле да си заминат по мејлот на новиот сопственик во кој тој зборува за условите што сака да ги воведе и прекувремената работа.

Многу од оние што заминуваат се, според нивните биографии на Твитер, инженери, програмери и кодери – луѓе кои се важни за функционирањето на платформата.

Ајде да погледнеме две од најголемите пропусти што може многу брзо да ја урнат сината птица.

Дали може да се хакира?

Првата и најочигледна рана би била катастрофалното хакирање.

Твитер, како и сите големи интернет страници, постојано ќе биде на удар на лошите момци, дури и на државно ниво, кои сакаат да направат штета.

Светските лидери, политичари и познати личности имаат лични сметки на Твитер со милиони следбеници, што е совршено за хакерите кои сакаат многу луѓе да ја видат нивната измама, што веќе се случувало.

Или можеби тие само сакаат профилот да исчезне, па го бомбардираат со веб сообраќај за да видат дали се преоптоварува и на тој начин се исклучува.

Ваквите обиди ќе се случуваат постојано – тоа е постојана битка.

Сајбер безбедноста е, или барем треба да биде важен дел од секојдневното работење на компаниите во 21 век.

Шефот за сајбер безбедност на Твитер, Леа Киснер, си замина минатата недела.

Не се знае дали е заменета.

Твитер, исто така, нема тим за комуникација, така што нема лесен начин директно да ја прашате компанијата.

Безбедноста на Твитер веројатно ќе биде прилично силна.

Не можете да водите сајт што го користат 300 милиони луѓе секој месец и сето тоа да е лошо поврзано.

Сепак, оваа моќност бара постојано одржување.

Размислете за вашиот телефон или лаптоп и за редовните безбедносни ажурирања што треба да ги инсталирате.

Тоа е затоа што редовно се откриваат нови пропусти, пукнатини во оклопот што не сте знаеле дека ги имате, а задача на повајдерот е да ви испрати „пач“.

Серверите под закана

Друга можна катастрофа би била серверите да се исклучат, или од некој намерно оневозможен или по грешка при рутинско одржување кое не било соодветно следено.

Без сервери – без Твитер (или Фејсбук и Инстаграм, или која било друга форма на дигиталниот свет).

Серверите, моќните компјутери, всушност се физичките тела на сите овие платформи лоцирани во центри за податоци, магацини полни со такви компјутери и седишта за сите интернет бизниси.

Може да се каже дека светот се води преку сервери.

Како што можете да замислите, сите овие машини се многу жешки, па центрите за податоци треба да се ладат.

Серверите треба да се одржуваат и менуваат за да се префрлат податоците од еден на друг.

Сето тоа може да тргне наопаку, и сето тоа би било драматично доколку дојде до дефект.

Нуклеарна опција

Елон Маск го знае сето ова, се разбира, и да не претпоставуваме дека не знае.

Сепак, тој може да се преправа дека е невешт.

Не знаеме кој моментално ја следи безбедноста на Твитер.

Секогаш постои нуклеарна опција Маск да прогласи банкрот и Твитер да се исклучи.

Слични содржини