Дали е ова најбизарниот момент од дебатата меѓу Камала и Трамп? Интернетот е веќе преплавен со „мемиња“

од Nikola Popovski
166 прегледи

За време на дебатата со демократскиот претседателски кандидат Камал Харис, поранешниот американски претседател Доналд Трамп го повтори чудното и лажно тврдење дека мигрантите во Спрингфилд киднапирале и јаделе миленици на нивните соседи.

Трамп ги даде коментарите набргу откако Харис се потсмеваше на неговите собири за време на дебатата, велејќи дека тие се полни со измислици и маргинални теории. Во својот одговор, тој се обиде да се врати на имиграцијата.

„Многу градови не сакаат да зборуваат за тоа бидејќи се многу засрамени. Јадат кучиња во Спрингфилд. Луѓето кои дојдоа јадат мачки. Тие ги јадат миленичињата на своите соседи“, смета Трамп.

Трамп и неговиот кандидат за потпретседател на САД, сенаторот Џеј Ди Венс од Охајо, ги засилија тие гласини оваа недела на кампањата. Сето тоа произлегува од виралните објави на социјалните мрежи кои се шират додека се обидуваат да поттикнат страв за растечката популација на Хаиќаните во Спрингфилд, иако тие легално живеат и работат во САД, пишува „Њујорк Тајмс“.

Локалните власти не пронајдоа докази, веродостојни извештаи или конкретни наводи дека Хаиќаните повредуваат домашни миленици, пишува „Јутарњи лист“.

Кога модераторот на дебатата побара од Трамп докази за тие тврдења, тој рече дека добил информации од луѓе кои му кажале дека нивното куче било киднапирано и изедено.

Харис се насмеа на изјавата и ги нарече „екстремни“.

Во понеделникот, Венс најпрво го изнесе тврдењето за имигрантите од Хаити, а кампањата на Трамп подоцна го повтори. Сепак, Венс подоцна „ги повлече сопирачките“ и на социјалните мрежи објави дека е можно овие гласини подоцна да се докажат како лажни.

Сепак, социјалните мрежи веќе се преплавени со „мемиња“ и слики од мачки кои се создадени со вештачка интелигенција.

Некои од нив ги објави и синот на Трамп, Доналд Џуниор, со коментар „Спасете ги нашите миленици“.

Околу 20.000 Хаиќани дојдоа во Спрингфилд од почетокот на пандемијата, а според некои тврдења, тие помогнале да се ревитализира градот, и покрај притисокот што го извршија врз станбените објекти, училиштата и болниците, пишува „Њујорк Тајмс“.

Слични содржини