Дали е ова рангирањето за „Златната топка“? (ФОТО)

од Берта Китинска

Дали е ова рангирањето за „Златната топка“? (ФОТО)

Објава на Твитер во која се тврди дека Роберт Левандовски ја освоил „Златната топка“ во 2021 година се здоби со популарност на социјалните мрежи во последните часови. Ова е фотографија на списокот на ранг-листата на „Франс Фудбал“, но воопшто не е сигурно дали е автентична.

На фотографијата се гледа дека до името на напаѓачот на Баерн (Минхен) се испишани 627 поени. Во исто време, сепак, не се гледаат бројките на вториот, во случајов Лионел Меси. Трет е Карим Бемзема со 526 поени.

Внимателните корисници предупредуваат на можна заблуда, бидејќи на дното на листата може да се види дека Николо Барела е рангиран меѓу двајца „Аспиликуета“.

Гласањето официјално заврши на 25 октомври, а името на победникот ќе биде објавено на 29 ноември.

Топ 10 според фотографијата:

1. Роберт Левандовски (Полска, Баерн) 627 поени

2. Лионел Меси (Аргентина, Барса / ПСЖ)… ..

3. Карим Бензема (Франција, Реал М) 526

4. Мохамед Салах (Египет, Ливерпул) 412

5. Жоржињо (Италија, Челси) 197

6. Килијан Мбапе (Франција, ПСЖ) 136

7. Н’Голо Канте (Франција, Челси) 97

8. Ерлинг Холанд (Норвешка, Борусија Дортмунд) 78

9. Кристијано Роналдо (Португалија, Јуве / Манчестер Јунајтед)…

10. Кевин де Бруин (Белгија, Манчестер Сити) 41.

Слични содржини