Дали е спасот од корона во крвта на морскиот црв? Француските научници го објавија ова!

од Aleksandar Petrovski

Се започна со лилјакот во Вухан, а сега човекот, можеби, ќе биде спасен од морски црви од атлантските плажи на Бретања! Всушност, француските научници многу сериозно ја испитуваат можноста состојките во крвта на ова животно да им помагаат на луѓето да се борат со најтешката форма на коронавирусот, со цел да се избегне приклучување на респиратори. Првите тестови директно врз човечките суштества се спроведуваат оваа недела.

Молекулите од крвта на морските црви апсорбираат 40 пати повеќе кислород од човечкиот хемоглобин, што се смета за одлична можност да им помогне на луѓето кои имаат тешкотии со дишењето.

Се истакнува дека нема проблеми со компатибилноста помеѓу човечката крв и молекулите од крвта на ова животно, кое е во должина од 10 до 15 сантиметри, и живее претежно во песокот на плажите.

Лабораторијата „Хамерина“ од местото Морле На основа на состојките од крвта на морските црви изолирала „транспортер на кислород“ низ човечката крв.

Сега овие молекули ќе бидат директно инјектирани во крвта на луѓето за да се справат со фаталниот исход на Ковид-19. Идејата потекнува од биологот Френк Зал, кој ја води компанијата, а кој изгуби двајца пријатели од новата сериозна болест.

Му помогнал и професорот Лоран Лантиер, раководител на одделот за пластична хирургија во болницата „Жорж Помпиду“ во Париз, кој веќе ги користел овие молекули при трансплантација на кожата на лицето.

Новата терапија ќе ја добијат десет доброволци во две париски болници, „Жорж Помпиду“ и „Питие Салпетриер“, а Националната агенција за безбедност на лекови веќе го даде своето одобрение.

Зголемување на бројот на починати

Бројот на починати на вирусот Ковид-19 во француските болници се зголеми за 10 проценти вчера на вкупно 6.494. Вкупниот број на смртни случаи се искачи на 8.911, што е зголемување од 8.078 во неделата, што претставува зголемување од 10 проценти.

Слични содржини