Дали Елон Маск е „новиот Стив Џобс“? Еве што мисли Бил Гејтс!

од Vladimir Zorba

Бил Гејтс неодамна беше гостин на телевизијата „Блумберг“ и беше запрашан што мисли за тоа дека шефот на „Тесла“, Елона Маск, многумина го нарекуваат „новиот Стив Џобс“.

„Ако ги познавате лично, звучи прилично чудно да се постават работите толку едноставно. Елон е попрактичен инженер, додека Стив беше генијалец кога станува збор за човечки ресурси, маркетинг дизајн“, рече Гејтс.

Тој додаде дека има голема почит кон Маск и неговата компанија, но и дека борбата против климатските промени е многу покомплицирана од производството на електрични возила.

Кога новинарите го прашаа дали се преценети акциите на „Тесла“, Гејтс не сакаше да коментира, но рече дека тоа е повеќе тема за луѓето од берзата и дека нема апсолутно никаква врска со климатските промени.

Изгледа дека работите не одат како што треба меѓу овие два технолошки магнати.

Да потсетиме, неодамна, еден корисник на Твитер го праша Маск што мисли за изјавите на Гејтс во врска со електричните автомобили, а сопственикот на „Тесла“ и „Спејс Икс“ не беше многу ентузијаст.

Слични содржини