Дали епидемиологот Несторовиќ ќе остане без лиценцата за работа: „Ме тужат колегите, а за се бев во право“

од Nikola Popovski

Против српскиот доктор и епидемиолог Бранимир Несторовиќ, член на српскиот Кризен штаб за борба против коронавирус, било поднесено барање до комисијата за етика на Медицинската комора на Србија затоа што со „јавните настапи како член на Кризниот штаб го нарушил угледот и ѝ наштетил на медицинската професија и на здравјето воопшто“.

Пријавата била поднесена од др. Ѓорѓе Алемпијевиќ, редовен професор по судска медицина на белградскиот Медицински факултет и поддржана од шест други колеги и лекари во пензија, пренесува Блиц.

Етичкиот комитет на ЛКС ќе расправа за барањето на група членови да се осуди јавно познатиот професор и пулмонолог за изјавите што ги давал како член на Кризниот штаб. Таа јавна осуда во краен случај може да значи дека на професорот Несторовиќ може да му биде одземено правото на работа.

Во изјава за српски „Телеграф“, професорот Несторовиќ вели:

„Сега кога епидемијата помина и се покажа дека сум во право за сè, испаднав како најнеетички лекар во Србија затоа што бев на прес-конференција со Вучиќ“.

Несторовиќ додал дека различни интереси се преклопуваат таму и дека има суета, но пред сè политика, и најавува дека потписниците на барањето испратено до ЛКС, „ако навистина направат нешто“, ќе ги тужи на редовен суд.

Слични содржини