Дали Германците го сопреа коронавирусот: Поради приватни забави, 35 лица заразени, 160 во карантин

од Nikola Popovski

Ново жариште на инфекција со коронавирусот се појавило во германскиот град Гетинген, после неколку приватни забави.

Во моментов, повеќе од 160 луѓе се наоѓаат во карантин, од кои 57 се деца, откако било утврдено дека 35 лица се заразени со новиот коронавирус.

Според властите на Гетинген, инфекцијата се случила на неколку приватни прослави. Тие првенствено се членови на неколку поголеми семејства, по потекло од Гетинген и околината.

Властите ги испитуваат дополнителните контакти со заразените, а нивниот број се проценува дека е трицифрен.

Поради големиот број на деца кои биле заразени, биле известени и училиштата.

Според телевизијата „НДР“, на 90 лица им било наредено да бидат тестирани во саботата, а од нив дошле само 15.

Слични содржини