Дали Грција ги враќа рестриктивните мерки од први септември?

од Stefanija Kuzmanovska

Туристите беа воодушевени од веста во мај кога беше донесена одлука за укинување на сите мерки во Грција и дека можат да ја посетат оваа земја само со пасош, без никакви потврди и документи за коронавирус. Оваа одлука е во сила до 1 септември, но што ќе се случи потоа? Се враќаат мерките или не?

Голем број граѓани со нетрпение го чекаат септември, бидејќи тогаш ќе можат да летаат по многу пониски цени и без голема гужва.

Дали Грција ќе ги врати мерките за ковид од 1 септември или не, коментираше неодамна грчкиот министер за здравство Танос Плеврис.

„Нема да има потреба од воведување мерки за коронавирусот наесен“, рече Плеврис во гостувањето на телевизијата СКАИ, пренесува Greece travel pages.

„Имаме протоколи за третман, вакцинирани популации, варијанти и антивирусни лекови. Оваа сеопфатна комбинација ни овозможува да бидеме оптимисти дека нема да се вратиме на задолжителните мерки и ограничувања“, рече тој.

Плеврис рече дека ќе бидат подготвени да ги преземат сите неопходни мерки доколку има потреба, но дека не сакаат да дојдат до рестриктивни мерки.

Во секој случај, грчкото министерството за здравство во септември ќе ја преоцени епидемиолошката состојба и ќе земе предвид дали националниот здравствен систем е под притисок пред да одлучи за можните мерки.

Слични содржини