Дали и колку витаминот Д може да им помогне на заболените од рак?

од Elena Daskalova

Според новите сознанија на Американското здружение за клиничка онкологија, заболените од рак мораат редовно да земаат витамин Д како додаток во исхраната, за да добијат подобар квалитет на животот.

Витаминот Д е клучен за здравјето на коските, но постојат и докази дека може да го направи периодот на лечење поподнослив за пациентите заболени од рак. Но, за жал, не постојат докази дека игра значајна улога во превенцијата од оваа болест.

Резултатите се засноваат на податоците за околу 80.000 пациенти, кои редовно земале витамин Д за време на лечењето, односно откако им била дијагностицирана болеста. Се покажало дека смртноста е поретка кај оние кои редовно го земаат витаминот Д, споредено со оние кои повремено или овопшто не го користеле.

Ова е значајно онколошко откритие, кое сигурно може да даде нов правец во третманот на оваа опасна болест.

Слични содржини