Дали јавната администрација се враќа од 1. февруари на работа, каков е одговорот на протестот за сметководителите?

Од 1. февруари, целата јавна администрација да се врати на работа, без ротации, е барањето на Министерството за информатичко општество и администрација.

Владата на ова се уште нема одговор, со оглед на тоа дека се чека мислењето на Комисијата за заразни болести.

Откако ќе се добие мислење, како што посочи портпаролот Хоџа на денешната прес конференција, ќе се закаже владина седница на која точка на дневен ред ќе биде ваквиот предлог.

Од друга страна, во однос на протестот на сметководителите и нивното барање за пролонгирање на рокот за ДДВ пријавите, Хоџа поенцираше дека сите барања од сметководителите се реализираат од надлежните институции и изрази надеж дека во текот на денот или во текот на утрешниот ден ќе има одговор на нивните прашања.

Слични содржини