Дали ЈО ќе го гони Мицкоски за загрозување на здравјето и криење докази?

од Vladimir Zorba

Јавното обвинителство ги има снимките од кафеаната во која лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во придружба на свои пријатели, седеше во затворениот, во моментов забранет дел од угостителскиот објект. Тие снимки како доказ ќе потврдат дека Мицкоски во време на забрана поминал неколку часа во внатрешниот дел на кафеаната, но дали ќе го покажат и поважното – дали тој или некој од неговото опкружување интервенирал кај персоналот да се сокријат снимките или да се избришат делови од нив.

Дека Мицкоски седел внатре и не почитувал мерки против коронавирусот потврди тој самиот преку социјалните мрежи и тоа е факт во истрагата. Што значи потврдено е дека сторил кривично дело против здравјето на луѓето, казниво според член 206 од Кривичниот законик кое предвидува парична казна или казна до една година затвор доколку лицето не се придржува кон одредените забрани и мерки. Но, дали Мицкоски е одговорен и за криењето на снимките, што во суштина преставува друго кривично дело и за кое ќе мора да се изјаснат надлежните истражители.

За сега, ќе одговара само сопственикот на кафеаната, но тоа ни одблизу не ја покрива неодоворноста на Мицкоски и за немилиот настан треба, според законите, да одговара и првиотчовек на опозициската партија, како и неговите придружници.

Следуваат три неработни дена, па случајот е можно да почека официјални информации од институциите од понеделник. Дали и во овој случај Мицкоски ќе „куртули“, како претходно кога беше на два пати фатен како оди во теретана во време на забрана, останува отворено прашње. Тој случај остана нерешен, а се појавија информации во јавноста дека Мицкоски телефонски интервенирал во полициските служби кај техничкиот министер Наќе Чулев да не го гонат.

Јавноста веќе гоосудува однесувањето на Мицкоски, кој од една страна секојдневно ги критикува владините мерки за заштита од вирусот, а потоа тврди дека не ги познава целосно и ги прекршува. Несовесното однесување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го загрозува јавното здравје и преставува лош пример за другите, особено за неговите приврзаници.

Се чини дека најавата од негова страна дека ќе си ја плати казната дополнително ги охрабрува недисциплинираните граѓани да се однесуваат како што сакаат без да почитуваат мерки за заштита на здравјето.

Слични содржини