Актуелно
Почетна / Македонија / Дали ќе биде дозволен влез за Македонците: Грција утре ќе ја финализира листата со трети земји

Дали ќе биде дозволен влез за Македонците: Грција утре ќе ја финализира листата со трети земји

Листата на трети земји за кои Грција ќе дозволи влез, ќе биде финализирана утре, откако за конкретното прашање ќе завршат консултациите на ниво на Европската унија, брифираат грчки владини извори, во однос на тоа што ќе важи од 1 јули за авионското, морското и копненото поврзување од и кон јужниот сосед со земјите што не се во ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Од среда, Грција ќе отвори седум гранични премини кон соседните земји, меѓу кои еден е со Северна Македонија (Евзони), а по два со Албанија, Бугарија и Турција.

Портпаролот на грчката Влада, на денешниот брифинг со новинарите, како што веќе објави МИА, објасни дека ги очекуваат одлуките од Европската Унија за влезот на државјани на трети земји и рече дека станува збор за тешка дискусија и потребно е да се согласат сите земји, но истакна дека доколку не се постигне договор на европско ниво, Грција ќе ја соопшти нејзината позиција.

Медиумите во Грција, во изминатите денови, повикувајќи се на извори од ЕУ, пишуваа дека за одреден број трети земји ќе се продолжи забраната за летови кон земјите од унијата, а меѓу државите за кои ќе важи забраната се споменуваше и Северна Македонија.

loading...