Дали ќе биде шлаканица за ЕУ, доколку САД ги укинат визите за Косово?

од Nikola Popovski

Ако САД ги укинат визите за граѓаните во Косово, тоа ќе биде голема шлаканица за ЕУ, вели Немања Старовиќ од српскиот Центар за социјална стабилност за „Косово онлајн“.

Тој потсетил дека веќе 10 години ЕУ не му дава визна либерализација на Косово.

Пред посетата на специјалниот пратеник на претседателот на САД, Ричард Гренел, на Белград и Приштина, косовскиот печат најавува дека тој може да донесе укинување на американските визи за граѓаните на Косово како еден вид подарок.

Иако нема официјални најави дека тоа навистина може да се случи, вреди да се разгледа можната мотивација за таков неконвенционален потег од најголемата светска сила, како и практичните импликации, посочува Старовиќ.

„Само да се потсетиме дека Хашим Тачи уште во 2010 година им вети на граѓаните на Косово и Метохија дека ќе можат да патуваат во земјите на ЕУ без визи во рок од најмногу 15 месеци, а институциите во Приштина ги исполнија сите ставки од долгиот список на дури 95 барања за визна либерализација“, посочува Старовиќ.

Според него, треба да се има предвид дека САД сè уште бараат визи за државјани на некои земји од ЕУ, како што се Хрватска, Романија и Бугарија, а вклучувањето на Косово во програмата „Visa Waiver“ би ги прекршило формалните критериуми за одржување на овие земји на ЕУ во визниот режим.

Слични содржини