Дали Кина планира да изгради супер-пруга до Америка во должина од 13.000 километри?

од Nikola Popovski

Кина, наводно, планира да изгради многу брза железничка пруга долга 13.000 километри што би ја поврзала таа далечна источна земја со САД, а цената на проектот е околу 200 милијарди долари.

Таа железничка мрежа ќе помине низ Сибир, потоа под морето преку Беринговото Море, потоа преку Алјаска, канадските територии Јукон и Британска Колумбија, сè до копното на САД.

Откако ќе се воспостави таа врска, Кина може да продолжи да гради супербрза железница до секој агол на Америка. Според некои проценки, ваквиот проект би чинел 200 милијарди долари.

Плановите за таква врска со САД се појавија во 2014 година, кога локалните медиуми објавија дека Кина планира да изгради супер-железница во должина од 13.000 километри. Во тоа време, кинеските инженери тврдеа дека веќе преговараат со нивните руски колеги за почетокот на изградбата на тој мегалин на пругата, убедени дека неговата изградба е можна со постојната технологија.

Кина веќе ги презеде првите чекори, кои покажуваат дека нивниот план не е толку незамислив, наведува порталот „IFL Science“.

Уште во 2018 година, Кина ја одобри изградбата на првата супербрза железница во светот, која ќе го поврзува Шангај со архипелагот, кој се наоѓа на 77 километри од брегот на континентална Кина.

Оваа нова рута исто така ќе има подводен дел од 16,2 километри, а на трасата ќе има воз кој се движи над пругата, левитирајќи со помош на магнети.

Изградбата на тој проект е веќе во напредна фаза.

Сепак, некои критичари го отпишаа долгиот и брз железнички проект како економски застарен, повикувајќи се на товарни бродови и воздушен транспорт како поевтини опции, а исто така сметаат дека железничкиот проект кон САД е премногу комплициран, ги пренесува „Независне новине“, пишувањата на „Срна“.

Слични содржини