ДАЛИ КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СМИРАТ: Бредли Купер и Ирина Шајк видени заедно во Њујорк (ФОТО)

од Nikola Popovski

Познатиот актер Бредли Купер (46) и рускиот модел Ирина Шајк (35) биле видени во Њујорк. Тоа не би било ништо чудно затоа што Њујорк, покрај Лос Анџелес, е град во кој можат да се видат познати личности во голем број, што поради приватни работи, но и поради работа.

Сепак, она што го привлече вниманието на папараците е тоа што Бредли и Ирина биле заедно. Освен папарацо-фотографиите, засега нема официјални информации.

Минатата година, актерот и манекенката по четири години решија официјално да раскинат и да останат во добри односи поради нивната 4-годишна ќерка.

– Секогаш се чувствував дека требало да се роден како момче. Не знам зошто. Можеби тоа е затоа што татко ми секогаш сакаше момче. Кога почина, помислив: „Бидејќи сум момче, сега е време да се грижам за своето семејство – рече Ирина во едно интервју. Таа додала дека подоцна зборувала поинаку и дека сега обожава да е жена, но се сеќава на моментите кога не и се допаѓало.

Да потсетиме, таа пред Купер, пет години беше во врска со фудбалерот Кристијано Роналдо.

Слични содржини