Дали кучето често ја става шепата врз вас? Ветеринари откриваат што ви порачува!

од Vladimir Zorba

Лаење, завивање – сето тоа се начини на кои кучето комуницира со својот сопственик. И единственото однесување на кучињата што навистина ги интригира експертите и ветеринарите е кога вашето домашно милениче нежно ќе ја стави шепата на сопственикот. Таа навика навистина може да има повеќекратно значење, вели тренерот на кучиња Колби Лехју.

Овој гест е и еден од начините на комуникација, и тоа интимен, што животните сакаат да го имаат со своите сопственици.

„Јасно е, секако, дека тоа е нивниот начин на комуникација, односно знак дека сакаат да иницираат комуникација“, објасни Лехју, нагласувајќи дека ние како луѓе сме ги научиле да ги пружат шепите кон нас.

„Кога кучето ќе му даде шепа на сопственикот, повеќето луѓе ќе му понудат награда. Штом ќе ги научиме на ова, тие постојано ќе бараат награда. Без разлика дали се работи за бонбони или гушкање“, вели ветеринарката Сара Вутен.

Кучињата со тој потег, додава, покажуваат задоволство, особено ако тоа го прават додека веќе ги галите. Во превод потоа сакаат да ви кажат дека ви оди добро и да продолжите. Тие често ги ставаат шепите и ако сте престанале да се мазите, а сакаат да продолжите.

Покрај тоа што ќе покажат што сакаат, ако видат дека сопственикот е нерасположен, кучињата сакаат да ве известат со допирање на нивните шепи дека се ќе биде во ред. Тие во овие ситуации и на овој начин всушност ја покажуваат љубовта и својата лојалност и посветеност.

Слични содржини