Дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да не ги почитува препораките? (фото)

од Берта Китинска

Низ социјалните мрежи се споделува фотографија за која се тврди дека е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во друштво со неколку лица се шета низ природа.

Според коментарите на социјалните мрежи друштво на Мицкоски  му прави Владимир Нелоски, член на Извршен комитет на партијата се движат во природа, најверојатно на Водно.

Меѓувреме фотографија со поглед на Скопје, за која исто така се претпоставува дека е направена од Водно беше споделена и од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на неговиот Инстаграм профил.

И додека целата јавност вклучувајки ги сите влијателни лица секојдневно со свои примери апелираат до граѓаните да се остане дома, се чини дека за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тоа како да не важи.

Во меѓувреме, Владимир Нелоски, на Фејсбук сподели дека на фотографијата се токму тие.

Слични содржини