Јавноста „се крена“ откако денес се обелодени дека Фросина Ташевска Ременски, потпретседателката на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ, е една од осомничените во аферата Рекет.

Неофицијално, веста дека Ременски ќе биде дел од проширената истражната постапка за Рекет за повеќето медиуми ја потврдија и од Обвинителството.

Оттаму претходно известија дека едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот, присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

„Стигна сметката“ за блискоста со скандалозниот хуманитарец Боки 13?
Иако од самиот почеток на случајот се шпекулираше дека Ременски е една од инволвираните, денеска стигна официјална потврда дека една од најгласните пратенички на владејчката СДСМ поради близината со првоосомничениот Боки 13  „ќе мора да ја плати цената за тоа што ја злоупотребила положбата“.
Ременски која е почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Боки 13, на почетокот на минатиот месец изјави дека немала никаква формално-правна обврска да учествува во органите на организација или партија.

Тогаш пратеничката нагласи дека ќе почека Јавното обвинителство да утврди како дејствувал Меѓународниот сојуз и нејзината поврзаност со истиот.

„Ниту јас, ниту вие како новинари не треба да даваме квалификации. По прашањето за грижата на совест, тоа е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме и одговорност, меѓутоа и сите ние имаме и ситуации во животот кога и другаруваме или сме во роднинска врска со луѓе кои можеби сториле или не сториле нешто, а сме биле во некаква комуникација. Тоа не значи дека тоа повлекува и некаква грижа на совест особено ако не се однесува за дејствија поврзани меѓу нас“, – рече тогаш Ременски.

Тогаш пред медиумите Ременски тврдеше дека не присуствувала на средбите мегу Боки 13 и бизнисмените. Оваа нејзина тогашна изјава денеска беше деманитарана со објавата на ОЈО дека едно од осомничените лица токму во својство на функционер било на тие средби, користејќи го својот авторитет. Останува истрагата да го каже последниот збор.

Откако тогаш во Обвинителството се задржа три часа, Ременски на прашањето дали знаела за сомнителните зделки на Сојузот на Боки 13, таа одговри дека се што имала да каже соопштила пред обвинителството, и поради тајноста на истрагата не може да го сподели со јавноста.

71840859_508120570007906_3471792283500675072_n

„Немам ништо против (Напротив!), ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во навладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам се што ги интересира, или за се што имаат дилема.
Секое ставање на моето почесно членство во невладина организација во контекст на актуелниот случај „Рекет“ е очајнички обид на „државнички поставената опозиција“ да фрли партиска боја на случајот кој треба/мора да добие разрешница, без навивање од партиски трибини и трибуни.
Со име и презиме стојам зад сите мои постапки кои се позитивни, одговорни и законити, до степен што многу често (до ден денес) пречеле на многумина. – пишува Ременски на својот ФБ профил на 1- ви август годинава обраќајќи се до како што вели „оние од ВМРО кои ја прозиваат по пресови“.

Од висок функционер на СДСМ до осомничена!

Ременски во 2013 година е избрана за потпретседател на централниот одбор на СДСМ.

Целиот текст прочитајте го на Ипортал.

Слични содржини