Дали ни требаат маски на отворен простор?

од Nikola Popovski

Од почетокот на пандемијата на коронавирус, научниците научија многу за Ковид-19.

Денес, на пример, тие знаат дека површините не се толку важен фактор за ширење на болести и дека прекумерната дезинфекција е непотребно губење време и губење на ресурси.

Второ, врвните експерти се убедени дека вирусот првенствено се шири со аеросоли, ситни честички кои остануваат некое време во воздухот, наспроти големите капки емитирани од кивање и кашлање кои брзо паѓаат на земја.

Тоа значи дека останувањето надвор е многу побезбедно отколку во затворен простор, вели Хозе-Луис Хименез, водечки експерт за аеросоли на Универзитетот во Колорадо, пренесува Хина.

„Многу е поопасно да се остане во затворен простор бидејќи ѕидовите, таванот и подот го „заробуваат“ воздухот, особено ако вентилацијата е слаба“, рекол тој за Франс Прес. Затоа, маските се неопходност во затворен простор.

„Надвор е спротивно, ризикот е мал, бидејќи има многу струја во воздухот и издишаниот воздух се крева брзо, особено ако е потопол“, објаснил тој.

Но, тој забележува дека нискиот ризик не значи дека воопшто не постои. Исто како што може да вдишете малку чад на отворено ако сте многу близу до пушач, постои можност да го вдишите вирусот ако сте премногу блиску до неговиот носител премногу долго.

Постојат неколку студии кои се обиделе да го квантифицираат ризикот од ширење на КОВИД-19 на отворено.

Минатиот октомври, кинеските научници објавија анализа на 7.324 случаи во списанието „Indoor Air“ во која со сигурност се знаеше каде се заразуваат пациентите. Тие имаа информации за само едно документирано ширење на отворено, во едно село во провинцијата Хенан, каде 27-годишник го „фатил“ вирусот во разговор со носителот.

„Ијриш тајмс“ неодамна објави информација од ирската влада за 232.164 случаи на инфекција во земјата заклучно со 14 март, во кои се пријавени само 262 пренесување на отворено или 0,1 процент од вкупниот број.

Дури е можно оваа проценка да е превисока затоа што владината агенција која ги собрала податоците се потпирала и на непроверени активности на отворено како што се спортот.

Доналд Милтон, професор на Универзитетот во Мериленд и еден од пионерите во науката за аеросоли, ги советува луѓето да избегнуваат гужви и на отворено, особено ако активноста вклучува викање и ако нема проток на воздух.

Но, тој не смета дека маската треба да се носи цело време.

„Ако џогирам и нема никој околу мене, не носам маска. Но, ако застанам за да разговарам со некого, ќе ја ставам“, рече тој.

Слични содржини