Дали пописот треба да се одложи: Пендаровски го произнесе својот став

од Nikola Popovski

„Не сакам да испадне дека се караме со Владата, но јас пред неколку месеци кажав дека ако постои страв од кластери, месец-два да го одложиме пописот за да биде на почетокот на летото“, рече претседателот Стево Пендаровски за емисијата „Клик плус“, на прашањето дали треба да се одложи пописот.

Според него, претпоставките тогаш беа дека до летото значајно ќе биде ограничено ширењето на вирусот.

„Сега и тоа се покажува како неточно. Не само затоа што доцна вакцините. Еве и Србија е европски шампион во вакцинираше, па повторно имаат високи бројки на заразени. Рестриктивни мерки кои ги правеа тие се слични на ова што го правиме ние. Таму не се олабавени, туку напротив“, вели Пендаровски.

Слични содржини