Дали преку ноќ треба да го гасите компјутерот кога работите од дома?

од Vladimir Zorba

Доколку поради природата на вашата работа или заради пандемијата канцеларијата ја преселивте во својот дом, тогаш сигурно имате една дилема – дали по работното време во текот на ноќта треба да го изгасите компјутерот или да го оставите вклучен и преку ноќ.

Постојат неколку добри причини поради кои не би требало да го гасите компјутерот во текот на ноќта, не само за да може побрзо да се вклучи следното утро, туку и за подобрување на функциите на самиот систем, објаснува Makeuseof.

Прва и главна причина поради која би требало да го оставите компјутерот вклучен и преку ноќ е од практична природа. Наместо да чекате да се покрене, компјутерот секогаш е подготвен за работа. Вообичаено, потребни се 30 секунди за да почне со работа. Доколку имате повеќе програми што се вклучуваат при самиот старт, тогаш целиот процес ќе трае подолго. Доколку го оставите компјутерот вклучен, тогаш не мора да се грижите за тоа.

Вклучување на компјутер што е во sleep mode, ќе трае само неколку секунди, а сите апликации ќе останат вклучени.

Слични содржини