Дали Русија доби зелено светло за „помал упад“?

од Milan1

Вашингтон – Американскиот претседател Џо Бајден, кога зборуваше за наводниот руски „ситен упад“ во Украина, не и даде „зелено светло“ на Москва да го стори тоа, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Запрашанa од Си-Ен-Ен дали изјавите на Бајден на прес-конференцијата во средата значеа дека Соединетите држави и даваат „зелено светло“ на Русија да направи „ситен упад“ во Украина, Псаки рече:

„Апсолутно не ни беше тоа намерата и не е пораката што претседателот му ја испрати на претседателот Путин“, наведе таа во својот одговор, а пренесува руската агенција Тасс.

Според неа, украинското раководство ги знае позициите на американскиот претседател.

„Ако Русите влезат во Украина, ако воено влезат во Украина, ќе има тешки последици“, рече Псаки.

Бајден во средата рече дека рускиот „мал упад“ во Украина може да предизвика повоздржана реакција од Соединетите Држави и нивните сојузници отколку целосна реакција на инвазијата.

По оваа изјава, Белата куќа излезе со посебно соопштение во кое се наведува дека САД ќе го сметаат за инвазија секое преминување на украинската граница од страна на руските војници.

Слични содржини