Дали се препознавате во овие знаци на натпросечна интелигенција?

од desk4

Иако веќе е покажано дека коефициентот на интелигенција не е мерило за успех во животот, сепак многумина би сакале да се пофалат со повисок IQ.

Според некои студии, IQ се формира и фиксира во текот на детството и тинејџерските години, па поради тоа се смета дека е константна вредност која ја носиме цел живот.

Точен тест за одредување на коефициент на интелигенција не постои, но има многу методи со кои се одредува во кои граници се движи. На различни тестови и скали, може да се покажат различни резултати. Универзалниот тест според кој се мери IQ се вика прогресивни матрици и веќе на многумина им е добро познат.

Но, овие пет показатели исто така укажуваат на натпросечна интелигенција:

Анксиозни сте

Според психијатрите, пациентите кои покажуваат изразена анксиозност, имаат и повисок коефициент на интелигенција. Тие имаат подобри вербални и интелектуални вештини, а и се поефикасни во решавањето на реалните проблеми.

Левораки сте

Постојат многу случаи во кои левораката личност покажува завидни резултати на тестовите за интелигенција. Сепак, ова не значи дека луѓето кои пишуваат со десна рака не се интелигентни.

Сте посетувале часови по музика

Бројни истражувања покажале поврзаност меѓу музиката како наука и добрите вербални вештини. Според една студија, 90% од децата кои посетувале часови по музика, покажале и високи резултати на тестови за интелигенција.

Забавни сте

Имате изразена смисла за хумор, вербални вештини и апстрактно размислување. Сето ова е знак дека сте интелигентна личност.

Ги имате сите претходни знаци

Доволно е да имате само еден од претходните показатели за да ви стане јасно дека сте над просекот. Но, ако ги имате сите, тогаш во тоа не треба воопшто да се сомневате.

Слични содржини