Дали се спрема отпаден центар во Кавадарци на 150 метри од населено место?

од Vladimir Zorba

Последниве денови на социјалните медиуми е активна компанијата „Зока Енерџи солушнс“ со најави за големи проекти за менаџирање со комунален отпад. Оваа компанија има слично име како „Зока Трејд“ што во 2016 година беше поврзана со режење на користени гуми во Кавадарци кои беа користени како алтернативно гориво. Познато е дека со оваа активност значително се зголемува загаденоста. Оваа компанија имаше добро портфолио на клиенти со оглед на тоа што порано индустриските капацитети може да користат до 2.000 тони месечно вакви гуми, пишува „Стандард“.

Се поставува прашање што има новата компанија заедничко со Зока Трејд? Дали е истата компанија која од 2016 година досега смени неколку активности од конзервиран зеленчук, преку користење на режани гуми до сега треман на отпад.

Според податоците во Централен регистар, Управител на „Зока Енерџи солушнс“ е Филип „Тајсон“ Блажев, а неговиот татко, Игор Блажев, стои како сопственик. Во 2017 година, „Зока Трејд“ поднела барање за дозвола „А“ за: третман на 100.000 тони годишно комунален отпад, третман на опасен отпад и третман на акумулатори.

Оваа апликација е за фабриката лоцирана во Кавадарци, во индустриското подрачје кое е во непосредна близина до населба со индивидуални живеалишта, оддалечена само 150 метри од местото, крај патот. Дали е тоа соодветна локација за постројка за третман на отпад?

Според апликацијата планирано е преостанатиот отпад да се чува на самата локација што, според познавачите на функционирањето на слични постројки и на регулативата за управување со отпад, е несоодветно. Локацијата на компанијата „Зока Трејд“ е веднаш до компанијата Кожувчанка во Дуброво, до општинска депонија.

Неодамна „Зока Трејд“ го смени и своето лого на влезот на фабриката во Кавадарци, тоа што претходно беше само „Зока Трејд“ сега е „Зока трејд: Центар за рециклирање на комунален и индустриски отпад“.

Целиот материјал на следниот линк!

Слични содржини