Дали сега претера? Бремената Ријана се прошета во танга и градник, покриен со проѕирна тантела (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Популарната пејачка Ријана, која штотуку се врати од модната недела во Милано, продолжи да ги поместува границите кога е во прашање нејзиниот смел стил.

Таа овојпат на модната недела во Париз се појави во мрежесто неглиже под кое се гледаа црни танга гаќички, додека во прв план беше трудничкиот стомак.

Пејачката присуствуваше на ревијата на Диор оскудно облечена, а нејзиното неглиже го комбинираше со длабоки кожени чизми и предимензионален црн кожен капут.

Некогаш со својот изглед предизвикуваше лавина коментари, а така продолжи и сега кога е бремена.

Откако објави дека е бремена, таа рече дека се гледа себеси како секси мајка и дека така ќе се однесува.

-Кога жените ќе забременат, општеството им наметнува дека треба да ја кријат и да ја сокријат својата секси страна бидејќи во моментот не се секси. Сепак, тоа не ми функционира. Сега носам работи што немав самодоверба да ги пробам пред да забременам. Сè што има прерамки и исечоци е добро за мене – изјави Ријана за странските медиуми.

Да потсетиме, Ријана го очекува своето прво дете со момчето, раперот АСАП Роки, што неодамна го откри покажувајќи го веќе големиот стомак под раскопчаната долга розова јакна.

Слични содржини