Дали спасот за планетата е луѓето да престанат да се размножуваат?

Во екот на глобалното затоплување, НАСА спровела истражување кое покажува дека човечкиот фактор е најзаслужен за климатските промени кои моментално ги преживуваме и кои ќе продолжат да се влошуваат. Како што открива НАСА, нивото на јаглероден диоксид е зголемено за 45% во последните два ипол века.

Со оглед на очигледното загадување на животната средина, еден потег се смета за решение. Лес Кнајт, уител од САД и основач на Доброволно движење за изумирање на луѓето. Припадниците на ова движење себе не се опишуваат како мизантропи со морбиден поглед на светот, туку како поединци загрижени за иднината на сите суштества, вклучувајќи го и човекот, како и самата планета. НИвното мото е „Живеј долго, па умри“.

Тивко и разумно изумирање, не размножување

Кнајт проектот го основал во 1970. Го додал „Доброволно“ во насловот бидејќи луѓето на почетокот мислеле дека спрема масовно самоубиство. Всушност, пораката која Кнајт се обидува да ја пренесе е дека човештвото не би требало да се размножува. Дека е цврст поборник на сопствените идеали, зборува и фактот дека како 25-годишник подлегнал на вазектомија. Поради тоа, тој никогаш немал деца и тврди дека никогаш не се покајал, пишува UNILAD.

Тој објаснува дека во тек е шестото масовно истребување на нашата планета, а ние сме причината. Иако не можеме да ја спречиме биолошката катастрофа која сме ја предизвикале, тој верува дека ќе ѝ дадеме прилика на планетата да се опорави со тоа, пред да изумреме како вид.

„Ќе бидат потребни 3 до 10 милиони години природата да се опорави од нашето присуство, што е зачудувачки, доколку се земе предвид колку кратко постоиме“, рекол Кнајт.

Доколку ништо не се промени, бројот на луѓе ќе се удвои за 80 години

Кнајт, уште пред 50 години, увидел какво разорство предизвикал човекот. Поривот за основање на своето движење го гледа како грижа за иднината.

„Кога ќе слушнам дека се родило бебе или ќе видам новороденче, навистина се грижам за нивната иднина. ЕДноставно не гледам како екосоставот на нашата планета ќе биде погоден за живот, земајќи предвид како се однесуваме кон природата“, признал Кнајт.

Тој вусшност смета дека луѓето со неразмножувањето би си помогнале и себе, а не само на природата.

„Температурите растат, како и нивото на морето, што можеби не збучи страшно сега, но ќе биде страшно кога ќе почнат да умираат земјоделските култури“, рекол Кнајт.

Според предвидувањата на Обединетите нации, доколку просечно семејство има пола од моменталното потомство, до 2100 година на планетата ќе живеат околу 16,5 милијарди луѓе. Во многу друштва денеска наталитетот се поттикнува со политика на паника од „белата грозница“ или од други причини, кои најчесто се поврзуваат со религијата и традицијата.

Слични содржини