Дали спиете во долна облека или без неа? Откриено што е поздраво

од Stefanija Kuzmanovska

Голем број луѓе спијат во долна облека во текот на целата година – во зима носат пижами врс неа, а летото остануваат само по гаќи или боксерки и маица. Но, се чини дека тоа и не е баш паметна идеја, барем така велат лекарите.

„Често им велам на моите пациенти да спијат без долна облека“, вели др. Алиса Двек, американски гинеколог.

Објаснува дека областа на гениталиите не треба постојано да се покрива, особено со ткаенини кои не дишат или апсорбираат влага, бидејќи тоа прави плодна почва за размножување на габи, бактерии и разни иритации. Ова е особено точно за жените во менопауза, како и за сите кои се потат повеќе.

„Ако веќе носите гаќи или боксери, тие дефинитивно треба да бидат широки“, посочува др. Двек.

Студиите покажуваат дека помалку од 18 отсто од луѓето спијат без долна облека, но и дека носењето тесни боксерки може да ја намали плодноста кај мажите.

Ако спиете во шорцеви или пижами без долна облека, едноставно треба да ги перете почесто – секој втор ден.

Слични содржини