Дали Трамп ќе се согласи на мирно предавање на власта?

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги прифати резултатите од претседателските избори на 3 ноември, соопшти денеска Белата куќа.

Таа објава доаѓа само еден ден откако тој одбил да се посвети на мирно предавање на власта доколку изгуби.

„Претседателот ќе ги прифати резултатите од слободните и фер избори“, изјавил портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекена на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања.

Покрај тоа, лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел и другите водечки републиканци денес се обиделе да ја уверат јавноста дека трансферот на власта ќе биде мирен и дека резултатот од изборите ќе се почитува, пренесува Ројтерс.

„Победникот на изборите во ноември ќе биде инаугуриран на 20 јануари. Транзициите ќе бидат вообичаени, исто како што се правеа на секои четири години од 1792 година“, напишал Меконел на Твитер.

Претходно, водечкиот републиканец во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, изјавил дека по изборите ќе се случи мирна транзиција на власта.

„Трансферот на власта ќе се одвива непречено и верувам дека претседателот Трамп ќе има многу добра инаугурација“, рекол тој пред новинарите.

На неодамнешната прес-конференција во Белата куќа, Трамп одби да се посвети на мирно предавање на власта доколку ги загуби претседателските избори во ноември.

„Па, ќе мора да видиме што ќе се случи“, рекол Трамп, а пренесува Би-Би-Си.

Тој исто така изјавил дека смета дека за резултатите од изборите ќе одлучува Врховниот суд, повторно изразувајќи сомнежи за регуларноста на гласањето по пошта.

Слични содржини