Дали треба да се мијат јаболките пред консумација? Еве го конечниот одговор!

од Stefanija Kuzmanovska

Веројатно сте запознати со тврдењето на многумина дека јаболките всушност не треба да се мијат пред да се консумираат, туку дека можете само благо да ги избришете, но тоа не е случај.

Дури и да изгледаат сјајно и сочно, без потемнети делови, јаболката мора да се измијат пред јадење – затоа што на нив има пестициди и многу бактерии!

Не ги мијте со вода веднаш по купувањето ако не ги јадете веднаш затоа што на тој начин ќе скапат побрзо, измијте ги момент пред јадењето.

Можете да користите два начина за миење:

1. Ставете две чаши вода и лажичка сода бикарбона во сад, додадете ги јаболките и оставете ги 15 минути. Потоа исплакнете со вода.

2. Измешајте чаша вода со 1/3 чаша оцет, ставете во шише со прскалка и попрскајте ги јаболката. Исплакнете ги со вода за да немаат вкус на оцет. Истражувањата покажаа дека овој метод отстранува 98 проценти од бактериите.

Друг совет што го имаат експертите е да излупите јаболка пред јадење – за дополнително отстранување на бактериите и заштита, пренесува Real Simple.

Слични содржини