Дали успехот на Cupra може да значи крај за SEAT?

од Vladimir Zorba

Според британските медиуми, се чини дека иднината на марката SEAT се повеќе е доведена во прашање, откако компанијата избегна да ги открие своите планови за какви било целосно електрични модели на последниот брифинг.

На прес-конференција на која беа презентирани финансиските резултати на компанијата за 2022 година, шефот на SEAT и Cupra, Вејн Грифитс рече: „Иднината е електрична; тоа значи дека за нашата компанија иднината е Cupra. Cupra е за нова генерација“. На прашањето што значи ова за иднината на SEAT, Грифитс коментира: „Не можеме да ги електрифицираме двете марки одеднаш. SEAT и Cupra се надополнуваат за време на преодната фаза. Не треба да одлучуваме денес за иднината на SEAT“.

„Нашиот фокус е на три електрични возила за Cupra“, рече тој, мислејќи на идните модели Tavascan, Terramar и Urban Rebel.

Сепак, финансиските резултати и неодамнешните инвестиции во шпанските производствени капацитети претставуваат добра вест за Cupra. Во однос на продажбата, марката бележи раст за 92,7 отсто на годишно ниво, во споредба со падот на SEAT од 18,1 отсто во 2022 година. Прометот е зголемен за двете марки севкупно, што е подобрување за 14 отсто во однос на 2021 година.

Групацијата VW исто така објави дека 10 милијарди евра ќе бидат инвестирани во фабриките во Памплона, Марторел и Валенсија за да се зголеми производството на целосно електрични модели Cupra. Марторел, исто така, ќе биде одговорен за производство на подостапни електрични автомобили за пошироката групација VW, со цел од 500.000 единици годишно до 2025 година.

Грифитс зборуваше и за развојот на синтетички горива, нешто во што Porsche многу инвестира. „Што се однесува до синтетичките горива, мислам дека треба да го оставиме прашањето отворено и да не бидеме догматски настроени и да поддржуваме постигнување на целта за нула емисии до 2035 година“.

Cupra, исто така, забележува дека моментално го анализира влезот на северноамериканскиот пазар.

„Американските автомобили се генерално поголеми, тоа би бил производ од следната генерација и би се базирал на новата SSP платформа. Платформата SSP, која ќе го заснова новото целосно електрично Porsche Cayenne, најверојатно ќе биде основа на новиот предводник на Cupra. Ова би било во согласност со стратегијата на Cupra за развој на попремиум бренд во споредба со SEAT, при што Грифитс потврди дека профилот на клиентите на Cupra ќе биде сосема различен од оној на SEAT.

Слични содржини