Дали Венецуела ќе ја снајде судбината на Либија?

од Stefanija Kuzmanovska

Помина повеќе од една година откако Хуан Гуваидо се прогласи себеси за претседател на Венецуела и откако САД, Бразил, Европската унија, Канада и уште десетина други земји го признаа како легитимен шеф на државата. Но, овој преоден претседател сè уште не успеа да премине во резиденцијата Мирафлорес, во центарот на Каракас, од каде што со земјата управува наследникот на Уго Чавез, Николас Мадуро, пишува „Алџезира Балканс“.

Претседателската криза избувна откако Мадуро со 67 отсто од гласовите го освои вториот шестгодишен мандат на изборите во мај 2018 година, а опозицијата ја обвини власта за кражба и не ја признава легитимноста на изборниот процес. Оттогаш, во глобалната студена војна, големите сили водат војна за Венецуела, ветувајќи и „слобода“.

Земјата со најголеми резерви на нафта во светот, со двајца претседатели, пропаѓа во бездната на сиромаштијата, криминалот и корупцијата.

Гваидо има поголема поддршка од Вашингтон отколку од Каракас

Мадуро неодамна беше топло пречекан во Москва, но Гваеидо го надмина пред десетина дена кога Трамп го посла црвениот тепих за него. Не е само Трамп срдечен кон Гваидо. И опозицискиот американски демократски блок го поздрави „претседателот на Венецуела“ кога Трамп го претстави како свој почесен гостин за време на неговиот последен говор пред нацијата.

Венецуелците не се ни приближно наклонети кон своите претседатели колку што кон нив се наклонети странските сили, без разлика на тоа дали нивното седиште се наоѓа во Вашингтон, Москва или Брисел. Венецуелците имаат се помалку доверба во нив.

Дури и најискусните аналитичари не се во можност во овој момент да проценат кој од двата геостратешки интереса ќе напредува и кој ќе се повлече.

Густаво Дудамел не верува ниту на еден од двајцата претседатели

Од социјализмот од 21 век, за кој Чавез зборуваше многу, во Венецуела остана прашина и пепел. Вистина е дека нема лекови ниту за децата, а за здравствената заштита за сите веќе не се ни разговара.

Ако навистина се грижеа за слободата и демократијата, а не за нафтата и корпорациите, тие би можеле да го послушаат светски познатиот венецуелскиот уметник Густаво Дудамел, директор на Филхармонијата во Лос Анџелес. Венецуелскиот диригент и виолинист ја изненади американската јавност бидејќи одби да се изјасни во прилог на нивниот фаворит.

Дудамел (38) потекнува од едно од бесплатните музички училишта што се изградени во сиромашните предградија низ Венецуела, каде беше откриен неговиот фантастичен талент.

Таквото училиште во него всадило чувство на „правичност, еднаквост, можност“, односно на оние вредности на општеството без кои не функционира демократијата, а слободата го губи значењето.

Токму поради тоа тој не сака да се определи за ниту еден од двајцата претседатели кои во моментов во светот се промовираат како чудотворно решение за Венецуела.

Се предвидува дека Венецуела ќе ја снајде судбината на Либија по егзекуцијата на Муамер Гадафи. Разликите меѓу Венецуела и Либија се очигледни, но сличностите меѓу двете кризи се исто така забележителни, како што неодамна констатираше Моисес Наим, автор и колумнист во „Форин Аферс“.

Наим потсетува дека во 2011 година Либија беше распарчена бидејќи широката коалиција ја нападна Либија со одобрение од Обединетите нации, а толпата го уби Муамер Гадафи, соборувајќи го неговиот „крвав режим“ .

Беа создадени две влади, една во Триполи и другата во Тобрук. Секој има своја армија, свој лидер, бирократија, дури и секоја има своја централна банка која печати различна монета за секоја од нив. Онаа во Триполи е поддржана од Обединетите нации, додека владата во Тобрук, како што наведува Наим, ја поддржуваат Египет, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Русија.

Накратко, Либија наликува на Венецуела по многу нешта: како во Либија и во Венецуела постојат две влади кои уживаат поддршка од странски сили. Светската јавност е уморна од Венецуела, исто како што и е здосадено од Либија. Стотици илјади, па дури и милиони бегалци ја напуштаат земјата, создавајќи бегалски кризи низ целиот регион. Ниту една власт во овие две земји не може да ја контролира територијата на државата во целост.

Слични содржини