Дали вештачката интелигенција може да владее подобро од политичарите?

од desk2

Центарот за управување со промени на мадридскиот универзитет IE спроведе анкета над повеќе од 2.500 жители на Европската унија, во која тие дадоа одговор на прашања поврзани со нивните ставови за технологијата и вештачката интелигенција. Одговорите се изненадувачки, но интересни.

На пример, 70% од испитаниците одговорија дека дека технологијата би причинила повеќе зло отколку добро, доколку не се стави под доволно квалитетен надзор.

Шеесет проценти од Европјаните сметаат дека регулацијата на новите технологии, а посебно на вештачката интелигенција и климатските промени (глобалното затоплување) се најголемите предизвици со кои се соочува Европската унија во моментов.

Околу 56% од луѓето изјавија дека се загрижени од потенцијалната иднина во која роботите би можеле да им ја земат работата, додека 68% од испитаниците се загрижени поради тоа што сметаат дека онлајн дружењето ќе го замени директниот човечки контакт.

Прилично интересни беа одговорите на испитаниците кога тие беа запрашани дали би ја довериле државната власт во рацете на вештачката интелигенција, ако тоа значи дека таа ќе ги замени политичарите. Најмногу позитивни ставови за ова прашање имаше во Холандија (43%), а од земјите во кои беше спроведена анкетата најмал интерес за вештачка интелигенција на чело на државата имаа Португалците (19%).

Проектот наречен SAM е првиот робот-политичар со вештачка интелигенција, кој откако ќе се усоврши, ќе биде во можност секогаш да ја направи одлуката која е за „поголемо добро“. SAM е проект на новозеландски научници кои гарантираат дека тој „никогаш нема да заземе страна, дури ниту во најтешките ситуации“.

Во просек, секој четврти Европјанин би ја поддржал идејата за неговата земја да биде управувана од вештачка интелигенција наместо од политичари.

Слични содржини