Дали Владата ќе им даде пари за трошење на граѓаните?

од Берта Китинска

Сет на мерки со кои ќе се зголеми јавната, но и личната потрошувачка подготвува Владата.

Ова ќе биде дел од  пакетот мерки за спас на македонската економија. За новиот пакет мерки граѓаните ќе треба да да исполнат одредени услови.Една од опциите е пари да добиваат и граѓаните за да ја зголемат личната потрошувачка која, според Народната банка, годинава значително ќе се намали.

Поради коронакризата и стравот од неизвеснота, граѓаните не ги трошат парите и ги купуваат само неопходните работи, а така се намалува побарувачката, но и производството.

Слични содржини