Дали во вашите вени тече „златна крв“: Ја имаат само 43 луѓе во светот

од Nikola Popovski

Постојат луѓе кои знаат каква е нивната крвна група, но има повеќе кои не знаат. Можеби е крајно време да откриете, затоа што можеби сте еден од луѓето што во себе носат „златна крв“.

Постојат четири основни типа на крвни групи, А, Б, АБ и 0 и секоја од нив може да биде позитивна или негативна, во зависност од тоа дали Rh фактор е присутен или отсутен.

Нултата крвна група е најчеста. Најретка е крвната група „Rhnull“, која експертите сакаат да ја нарекуваат „златна крв“. Според достапните податоци, само 43 луѓе на овој свет ја имаат оваа крвна група, а откриена е во 1961 година.

Оваа најретка крвна група нема ниту еден од 50 антигени од резус системот. Иако на овие луѓе може секој да им донира крв, само неколку луѓе можат да го спасат нивниот живот. Баш затоа, во случај кога некогаш ќе им треба трансфузија, луѓето кои имаат златна крв се охрабруваат да даруваат крв, пишува магазинот „Хелти“.

Еден од нив, средовечен Швајцарец, опишува колку е потребно да се биде внимателен. На пример, тој не патува во земји кои немаат современи медицински установи и многу внимателно вози за да избегне повреди и несреќи.

Слични содржини