Дали воопшто носи долна облека? Карлеуша во едно од најпровокативните изданија досега (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Јелена Карлеуша е позната по своите разголени изданија и стајлинзи што откриваат повеќе отколку што покриваат. Најновиот стајлинг од снимањето на „Звезда Гранда“, во кој таа е член на жирито, на прв поглед не измами дека пејачката се одлучила за нешто поскромна варијанта. Сепак…

Пред студиото на „Звезда Гранда“, но и во него, Карлеуша привлече внимание во уште една интересна и доста предизвикувачка комбинација на облека.

Носеше розов топ што повеќе личеше на градник и кој нејзиното бујно деколте едвај го држеше на место, а го комбинираше со прекрасно портокалово здолниште кое изгледаше скромно само на прв поглед.

Кога зачекори, се виде дека здолништето има опасно висок шлиц што достигнуваше над колковите, па ЈК мораше цело време да го држи со рацете за да не открива повеќе од што планираше.

И во ова издание, таа уште еднаш потврди дека се осмелува да го носи она што не би го облекле повеќето нејзини колешки, и токму затоа скоро секој пат кога ќе ја напушти куќата, тоа е еден вид спектакл.

Слични содржини