Дали враќањето на Џафери на „кормилото“ на ДУИ отвара врата за соработка со ВМРО-ДПМНЕ?

од Destan Jonuzi

Појавата на феноменот „Огнена група“ во ДУИ послужи за враќање на некои стари личности во раководството на партијата. „Мислам дека оваа појава негативно ќе се одрази на самата партија“, смета поранешниот пратеник во Собранието на РСМ Зуди Џелили, зборувајќи за тоа што може да добие политичката сцена на Македонија со враќањето на Муса Џафери на кормилото на ДУИ.

– Вообичаено политичките партии се формираат и се развиваат во име на граѓаните, ако е така, тогаш изненадување се некои политички фигури од оваа партија, кои поради бројни неуспеси или скандали ги напуштија високите функции што ги извршуваа, да се вратат на активниот политички живот. Начинот на кој Муса Џафери се враќа, критикувајќи го неуспехот на ДУИ во владеењето отвори многу дилеми кај населението. Тоа значи дека во преден план не биле успесите на партијата, туку доминацијата на индивидуалниот и групниот интерес, па кој ќе биде награден со позиции, изјави Џелили за „Локално“.

Според него, враќањето на Џафери и четири до пет други личности во кормилото на ДУИ во голема мера ќе ја револтира базата и ќе предизвика бројни реакции кај членството.

– Со овие грешки внатре во партијата не се зајакнува демократијата, туку се случи спротивното, се случи вистината дека 20 години исти политички фигури кружат во ДУИ, нагаласи Џелили.

Живко Јанкулоски претседател на партијата на обединетите демократи (ПОД) за враќањето на Муса Џафери и неговите луѓе во раководството на ДУИ, вели дека ја отвора вратата за соработка со опозициската ВМРО-ДМПНЕ.

– Тоа е политички споразум помеѓу раководството на ДУИ и фркацијата. За Муса Џафери ова претставува враќање на голема врата во ДУИ, како и најверојатно подотворање на вратата за соработка со опозицијата, изјави Јанкулоски за „Локално“.

Д.Ј.

Слични содржини