Дали вреди да се гледа моментално најпопуларниот хорор филм на Netflix? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Пред една недела на Netflix излезе филмот наречен „Choose or Die“.

„Во потрага по награда од 125.000 долари, студент одлучува да игра нејасна компјутерска игра за преживување од 1980-тите. Но, играта го проколнува, а тој се соочува со опасни избори и предизвици кои ја искривуваат реалноста. По серија неочекувано застрашувачки моменти, тој сфаќа дека веќе не игра за пари, туку за својот живот“, стои во описот на филмот.

Британскиот хорор филм со Ејс Батерфилд, Лола Еванс, Еди Марсан и Роберт Енглунд во главните улоги е во режија на Тоби Мекини. За три недели, трејлерот за филмот е прегледан повеќе од 2,7 милиони пати.

За само една недела овој филм го достигна врвот на трендот на оваа стриминг платформа ширум светот. Моментално е најпопуларниот филм на Netflix во светот.

Но, филмот не доби толку позитивни критики. Според речиси 9.000 гласови на IMDb, моментално е оценет со 4,8.

Слични содржини