Дали желбата на мажот за секс е навистина поголема од женската?

од Stefanija Kuzmanovska

Припишувањето на сексуалната желба на мажите е апсолутно проблематично, особено ако погледнете во мажи кои се во подолги врски или бракови, покажува неодамнешно истражување покажува, кое ги доведува во прашање претходните откритија за посилна и поинтензивна машка страст отколку кај женскиот пол.

Имено, родовите разлики всушност не можат секогаш да се сметаат за такви, но во истражувањето мора да бидат земени предвид низа други фактори кои влијаат на сексуалната желба на партнерот.

Едно од најновите студии спроведено на Универзитетот во Британска Колумбија го анализирало клучното прашање – какво е чувството на страст во даден момент, количината на страст за време на сексуалниот однос не покажала разлики меѓу половите.

– Ова откритие ги доведува во прашање претходните сознанија за родовите стереотипи во смисла на жената како онаа која е повоздржана. Се чини дека факторите на страст можат да бидат подеднакво потентни за жените и мажите во моментот – објаснува Лори Брото, професор на Универзитетот во Британска Колумбија.

Други излегоа со теорија според која женската страст се јавува во согласност со менструалниот циклус, односно за време на женскиот врв на возбуда и страст, всушност се јавува овулација, па нивната мотивација за секс е иста како кај мажите.

Слични содржини