Дали Зидан го напушта Реал? Бензема е убеден дека го знае исходот

од Stefanija Kuzmanovska

ИДНИНАТА на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид е една од најжешките теми во светот на фудбалот овие денови. По гласините дека Французинот им објавил во соблекувалната дека заминува, следуваше демант, но никој не може со сигурност да каже како приказната ќе се одвива.

Напаѓачот на Реал и сонародник на Зидан, Карим Бензема даде одлично интервју за „Л’Екип“, а некои од неговите извадоци беа објавени однапред.

Меѓу другото, Французинот даде и мислење за иднината на Зидан.

„Не гледам како заминува. Тој нема да замине, ќе видите“, рече Бензема.

Реал дури и не сака Зидан да си замине, сè зависи од неговата одлука. На крајот на краиштата, Мадрид ја заврши сезоната со серија од 18 натпревари без пораз во шампионатот, во кои оствари 13 победи и пет нерешени средби, но ниту тоа не беше доволно за да ја освои титулата што му припадна на градскиот ривал Атлетико. Тоа беше најдолгата ваква низа на Реал во една сезона од 2014 година, кога во истиот период имаше 15 победи и три ремија со Карло Анчелоти.

Бензема ја одигра најдобрата сезона во својата кариера, постигнувајќи 23 гола со девет асистенции, што значи дека, малтене, постигнал 32 гола, еден повеќе отколку во сезоната 2014/15, кога имаше 24 погодоци и седум асистенции.

Слични содржини