Дали знаете што е „мрзеливо кето“? Полесно е за придржување, а еве и колку е ефективно 

од Stefanija Kuzmanovska

Придржувањето до кетогена диета со висок удел на маснотии не е лесен подвиг. Кажете му збогум на уживање во пуканки додека гледате филм! Диетата со многу мал удел на јаглени хидрати елиминира многу состојки, со што долгорочното придржување е тешко.

Затоа се појави нова, полесна верзија на популарната диета – „мрзелив кето“.

Стандардната кето се заснова на кетоза, процес во кој вашето тело согорува маснотии наместо јаглехидрати како гориво. Звучи идеално, зарем не? Проблемот е што менувањето на метаболичката состојба не е лесно.

Исто така, следењето на количината на протеини, масти и јаглехидрати во вашите оброци може да биде досадно, поради што настана „мрзеливото кето“. Користејќи го овој пристап, луѓето само го следат внесот на јаглени хидрати, не земајќи ја во предвид количината на масти и протеини што ги консумираат, наведува Healthline. Односно, важно е да не внесувате повеќе од 20 грама јаглени хидрати на ден.

Проблемот со „мрзеливото кето“ е што тоа всушност не е кето.

„Тоа (мрзливото кето) ќе биде модифицирана Аткинсова диета“, вели Лиз Вајнанди од државниот универзитет во Охајо за Men’s Health.

Во споредба со кeто, Аткинсовата диета го ограничува внесот на јаглени хидрати во зависност од целите за губење на тежината. Исхраната не е насочена кон одржување на кетоза, што е комплициран процес.

„Кетозата не е само прашање на пазење на јаглехидратите“, рече Вајнанди.

Имено, консумирањето премногу протеини исто така може да ве спречи да согорувате масти, вели таа. Може да се појават и непријатни симптоми како замор. Луѓето тоа го нарекуваат кето грип, а симптомите се појавуваат во првите неколку дена додека вашето тело се прилагодува на новата диета. Обично исчезнуваат во рок од неколку недели.

Но, важно е да се знае дека „мрзеливото кето“, ако се практикува на погрешен начин, всушност може да доведе до зголемување на телесната тежина.

Слични содржини