Дамиано позираше со шминка, неговата девојка се огласи со коментар (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот пејач Дамиано Давид, победникот на овогодинешната Евровизија, станува сè попопуларен на Инстаграм.

Пејачот објави нова серија фотографии на кои позираше нашминкан. Сликата собра повеќе од милион лајкови за еден ден.

„Јас сум вљубен во мојот кармин“, напиша тој во описот на сликата.

Но, она што го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи многу повеќе од самата фотографија е коментарот на девојката на Дамиано.

„И јас сум“, напиша неговата девојка, а коментарот го лајкнаа повеќе од осум илјади луѓе.

Слични содржини