Дамијано се огласи по скандалот со снимката и објави дека раскинал со девојката

од Stefanija Kuzmanovska
875 прегледи

Италијанската група „Манескин“ ги воодушеви сите на Изборот за песна на Евровизија 2021 година и успеа да триумфира во ова натпреварување.

Фронтменот на бендот, младиот Дамијано, го привлече особено вниманието на женскиот пол, а бројните обожаватели внимателно го следат секој негов чекор.

Тој неколку пати досега го привлекуваше вниманието со своето однесување, излегувајќи на сцената во фустан и градник, а на Инстаграм често објавува фотографии на кои е целосно гол.

Многу припаднички на „понежниот пол“ се разочараа кога Дамијано објави дека има девојка и дека од 2017 година е во среќна врска со инфлуенсерката Џорџа Солери.

Меѓутоа, неодамна во јавноста се појави видео на кое се гледа како пејачот се бакнува во клуб со девојка која не е Џорџа.

Сепак, Дамијано по ова се огласи и истакна дека не ја изневерил својата девојка како што сите првично мислеа, туку дека неодамна раскинале.

„Ужасно ми е жал што се појави оваа снимка. Не сакав да се справувам со оваа ситуација, тоа е моја грешка“, напиша пејачот на Инстаграм.

Тој нагласи дека немало никакво неверство, и дека снимката е направена по раскинувањето со инфлуенсерката.

„Се надевам дека ништо од ова нема да влијае на имиџот на Џорџа и дека можете да ја почитувате деликатноста на овој момент“, заклучи Дамијано во својата објава.

Слични содржини