Дамјан Стојановски со кош на секунда до крај го реши Работнички

од Aleksandar Petrovski

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до значаен триумф во вечното дерби со Работнички (92-90), откако Дамјан Стојановски на 1,1 секунди до крајот го постигна победничкиот кош за осигурување на првото место на табелата пред стартот на Суперлигата.

Фото: mztskopjeaerodrom.mk

На две кола до крајот на прволигашкиот дел, „металците“ имаат учинок 13-3, односно две победи повеќе пред конкурентите Гостивар, Кожув, Еуро Никел и Работнички кои се изедначени со скор 11-5. Момците предводени од тренерот Ѓорѓи Кочов во последните пет минути, прво со серија 9-2 прават резултатски пресврт и поведуваат со 90-88, а потоа и умешно го реализираа последниот напад преку капитенот Стојановски.

Стојановски беше централна фигура со 23 поени и по пет скока и асистенции, а кај Работнички најефикасни во денешното дерби беа Питс со 21 и Балмазовиќ со 15 поени.

Слични содржини