Дамјановски: Голем дел од лустрираните беа наместени

од Viktor Jovanov

Чедомир Дамјановски член на комисијата за верификација на фактите во денешната дебата на ТВ Алфа изјави дека 70 отсто од лицата кои беа осудени како соработници на службите во минатото се безправно лустрирано. Според него голем дел од случаите биле наместени и промашени.

-70 отсто од случаите не беа за лустрирање, чист промашај или чиста местенка. За да бидете соработник на службите треба свесно, тајно, контонуирано и да има писмен документ дека некој бил соработник на службите. Ниту еден од нив немаше писмен договор за соработка со органот, вели Дамјановски.

Тој смета дека сепак треба да се преиспита одлуката за укинување на лустрацијата од причина што таму сепак имало луѓе кои соработувале со службени, а со поништување на лустрацијата постои можност тие да добијат и оштетување за тоа.

-Не може со политичка одлука да се укинуваат одлуки на институциите. Со поништувањето може да се случи оние кои навистина биле соработници да им се даде и оштета. Во секој случај треба да се преиспита одлуката за укинување на лустрацијата, вели Дамјановски.

Тој додава дека најголем дел од одлуките за лустрирање биле донесени со консензус, но имаше и жолчни расправи за одредени предмети.

-Имаше многу случаи каде беше дојдено до забуна, две лица со исто име и презиме, а погрешниот беше лустриран безразлика што носеа документи со кои докажуваа дека не соработувале со државната безбедност, вели Дамјановски.

Слични содржини