Данците размислуваат за повлекување од ФИФА

од Vladimir Zorba

Фудбалската федерација на Данска е подготвена да започне дискусија за повлекување од ФИФА, откако влегоа во конфликт со централата на светскиот фудбал околу забраната за носење на капитенската лента „One Love“, која требаше да претставува поддршка за членовите на ЛГБТК+ популацијата, чии активности се забранети во Катар.

Данците не се единствените незадоволни од одлуката на ФИФА која се закани дека капитените доколку носат такви траки веднаш ќе добијат жолт картон. Сега Јакоб Јенсен, директорот на данската фудбалска федерација, откри дека ова не е единствената казна што ФИФА ја подготвува доколку некој реши да не послуша.

– На 21 ноември Англија повика на итен состанок со ФИФА, каде беше кажано дека во најдобар случај може да ги казнат капитените со жолт картон и дека постои можност воопшто да не бидат пуштени на теренот или дека ќе бидат суспендирани – рече Јенсен и додаде дека се разговарало дали ФИФА имала право на тоа.

– На крајот испадна дека имале – додаде Џенсен.

После се, се огласи и првиот човек на чадор-куќата на данскиот фудбал, Јеспер Моле, кој изјави дека Данскиот фудбалски сојуз планира да се повлече од ФИФА и да формира нова асоцијација.

– Наскоро нè очекуваат избори во ФИФА, каде гласаат 211 земји, а Џани Инфантино е поддржан од 207 земји, не вклучувајќи ја Данска – рече Моле.

Да потсетиме, вчера Данска ремизираше против Тунис (0:0), а капитенот Симон Кјаер изјави дека сакал да ја носи лентата „Една љубов“, но дека не сакал да ризикува со жолт картон и подоцна можен црвен, кој би ги оставил неговите соиграчи на цедило.

Слични содржини