Дане Талески на местото на Пендаровски како национален координатор за НАТО

од desk2

На владина седница вечева на Стево Пендаровски, досегашен национален координатор за подготовка на Република Северна Македонија за членство во НАТО, му е утврден престанок на функцијата поради изборот за претседател на Република Северна Македонија, согласно член 83 од Уставот, според кој должноста Претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.

Обврските на Националниот координатор за подготовките на Република Северна Македонија за членство во НАТО ги презема Дане Талески, советник за надворешна политика на Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев.

Слични содржини